Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Apostoloff

Левичароф, Зибиле.

501 lewitscharoff apostolovДве сестри, на пат, во денешна Бугарија. Во првиот дел од нивното патување се дел од еден раскошен конвој лимузини, кој ги пренесуваше лешевите на 19 Бугари во егзил – коишто во четириесеттите години емигрирале од Софија во Штутгарт – во нивната татковина. Меѓу нив и рано починатиот татко на двете сестри. Сега се туристки, кои ги развозува наваму-натаму воздржаниот Румен Апостолоф. Тој има желба на обете да им ги покаже богатствата на својата земја, ама за неговите обиди за посредување меѓу Софија и Штутгарт сестрите не покажуваат речиси никаква смисла. Две сестри, еден возач: Нивното патување низ Бугарија ќе се престори во црна, сосем комична пресметка со таткото и неговата земја. Зибиле Левичароф за нејзиниот роман Apostoloff  во 2009 година ја доби наградата на Саемот на книгата во Лајпциг.

Apostoloff [Апостолов] од Зибиле Левичароф излезе на романски јазик (извадок) во превод на Елександру Aл. Шахигијан под наслов Apostolov во издание на Картие, Букурешт.