Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Левичароф, Зибиле

.

lewitscharoff sibylleЗибиле Левичароф, родена 1954 година во Штутгарт, студирала религиозни науки во Берлин, каде што по подолги престои во Буенос Аирес и Париз, живее и денес. По студиите најпрвин работи како книговодителка во една агенција за рекламирање.  Има објавено радио-документации, радио-драми и есеи. За Pong во 1998 година ја доби наградата Ингеборг Бахман. Следуваат романите Der Höfliche Harald (1999), Montgomery (2003) и Consummatus (2006). За нејзиниот роман Apostoloff во 2009 година ја доби наградата на Саемот на книгата во Лајпциг, Blumenberg (2011) се најде во потесниот избор за Германската книжевна награда, а во 2013 година беше одликувана со наградата Георг Бихнер. Зибиле Левичароф е член на Германската академија за јазик и поезија, како и на Берлинската академија на уметностите.