Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Штериан, Жан Лорин

.

sterian jean lorinЖан-Лорин Штериан, роден 1975 година во Констанца (Романија), е писател, режисер на документарни и куси филмови, уметник и изведувач. Во 2008 година ја доби театарската награда ДрамАкум. Истата година во својот стан го отвори „lorgean theatre“ ­– првиот театар во дневна соба во Романија, којшто стана отворен простор за актери и кореографи и важно место на алтернативната културна сцена во Букурешт. Како изведувач зеде учество на проекти за Биеналето во Венеција, каде што го изведе и својот сопствен уметнички проект HomeFest, што се одржува по куќи и станови.