Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Синановиќ, Муанис

.

sinanovic muanisМуанис Синановиќ е роден 1989 во Ново Место (Словенија). Живее и работи во Целје и Љубљана. Студирал општа лингвистика и филозофија на Филозофскиот факултет во Љубљана. Во 2011 година ја објавува својата прва збирка куси раскази Štafeta okoli mestne smreke, со која беше одликуван со наградата за најдобро дебитанско дело на годината од Здружението на писателите на Словенија. Следуваат уште две збирки поезија: Pesmi (2014) и Dvovid (2016). Од 2013 година  Муанис Синановиќ за Радио Штудент пишува критики за книжевни, филозофски и теоретски дела, како и есеи и коментари за општеството. Тој е уредник на книжевното списание И.Д.И.O.T. и на хуманистичката едиција „Нова знамења“ на издавачката куќа Литера.