Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Јелинек, Елфриде

.

jelinek elfriedeЕлфриде Јелинек, родена 1946 година, пораснала во Виена, уште рано се стекнува со опсежно музичко образование. Во 1960 година почнува да студира клавир и композиција на музичката академија во Виена, а потоа, по матурирањето во 1964 година, и театрологија и историја на уметност на универзитетот во Виена. По прекинот на студиите во 1967 година почнува да пишува, а во меѓувреме се вбројува во еден од најзначајните германско-јазични современи автори. За својата работа Елфриде Јелинек е одликувана со бројни награди. Во 2004 година ја доби Нобеловата награда за книжевност.

 www.elfriedejelinek.com