Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Козелек, Рајнхарт

.

kosselek reinhartРајнхарт Козелек (1923-2006) се вбројува во еден од најпознатите германски историчари на ХХ век. Неговата повеќекратно одликувана научна работа е почитувана ширум целиот свет. Во Германија се смета за еден од основачите на модерната социјална историја. По завршувањето на студиите по историја, филозофија, државно право и социологија во Хајделберг и Бристол, Рајнхарт Козелек докторира во 1954 година со трудот Kritik und Krise. Eine Studie zur Pathogenese der bürgerlichen Welt. По професурите во Бохум и Хајделберг од 1974 година до неговото пензионирање во 1988 година, предава како професор по теорија на историја на универзитетот во Билефелд, чиј коосновач беше и самиот.