Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Ѓуровиќ, Илија

.

djurovic ilijaИлија Ѓуровиќ, роден 1990 година во Подгорица, во 2009 година го објави својот прв кус расказ во црногорското книжевно списание АРС. Следеа понатамошни прилози за бројни книжевни списанија и вебпортали. Во 2014 година излезе неговата прва збирка куси раскази Oni to tako divno rade u velikim ljubavnim romanima, којашто беше многу позитивно прифатена. Во 2015 година во реномираната американска антологија „Best European Fiction“ беше објавен неговиот кус расказ Pet udovica на англиски јазик (превод Вил Фирт). На книжевниот натпревар „A Sea of Words“ во Барселона два пати по ред (2010, 2011 година) ја доби наградата за најдобар кус расказ. Илија Ѓуровиќ пишува рецензии, коментари и колумни за списанија и весници во Словенија, Црна Гора, Србија и Хрватска. Од 2014 година работи за независната црногорска издавчка куќа Жута корњача, за која меѓу другото преведе и една книга со мини драми од Томас Бернахрд. Од 2013 година живее во Берлин.