Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Petrowskaja, Katja

.

petrowskaja katjaКатја Петровскаја, родена 1970 година во Киев, студирала книжевна теорија во Тарту (Естонија), докторирала во Москва. Од 1999 година живее во Берлин. Во 2014 година беше објавен нејзиниот награден деби роман Vielleicht Esther. За нејзината работа е добитничка на бројни награди, меѓу останатото, и на Премио Стега Еуропео за 2015 година, книжевната награда Шубарт на градот Аален за 2015 година, на наградата Ернст Толер во 2015 година, на книжевната награда „аспекте“ за 2014 година и на наградата Ингеборг Бахман за 2013 година. Во 2014 година беше номинирана за наградата на Саемот на книгата во Лајпциг.