Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Голоб, Тадеј

.

golob tadejТадеј Голоб е роден 1967 година во Словенија, порасна во малиот град Ленарт и како момче играше за фудбалскиот клуб Марибор. Денес живее во Љубљана и работи како новинар за словенечката телевизија и различни списанија. Како студент почна со планинарење и во меѓувреме се имa искачено на двe планини високи осум илјади метри, на Даулагири и Еверест, и на повеќе пониски планини. Има објавено една книга за првиот спуст со скии од Еверест и две биографии: на кошаркарот Петер Вилфан и на музичарот Зоран Предин. Неговиот прв роман Svinjske nogice беше одликуван со најважната словенечка книжевна награда „Кресник“. Во 2011 година излезе неговиот роман за млади Zlati zob.