Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Бановиќ, Ксенија

.

banovic ksenijaКсенија Бановиќ, родена 1975 година во Травник, студирала хрватски јазик во Загреб, а на универзитетот во Софија се специјализира за бугарски јазик и книжевност. За книжевниот клуб Booksa во 2008 година ја координира промоцијата на десет млади бугарски писатели. Таа е коавторка на изложбата „Светиот јазик на моите прадедовци: хрватско-бугарски паралели“ во Националната и универзитетска библиотека во Загреб. Кон нејзините преводи се вбројуваат дела од Георги  Господинов, Алек Попов, Владимир Зарев, Вера Мутафчиева и Захари Карабашлиев. Во 2016 година ја доби книжевната награда “Перо“ на Бугарскиот национален центар за книги во категоријата превод.