Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Истрати, Панаит

.

istrati panaitПанаит Истрати, роден 1884 година во Браила (Романија), се смета за еден од најистакнатите прозаисти од неговото време. Најпрвин патува наоколу – од Софија до Константинопол, од Александрија и Каиро за Неапол, Женева, Парис, Лозана – и лебот си го заработува како дневен наемник, но и како новинар и фотограф. Во 1921 година, во годината на големата депресија, се обидува да си го одземе животот во Ница. Во неговата чанта е пронајдено писмо до францускиот носител на нобеловата награда Роман Ролан, кој потоа ги прочита неговите текстови и го поддржува. Рецепцијата на неговите книги и нивното значење на европската и меѓународната книжевна сцена е енормно. По различни тешкотии и удари на судбината Истрати болен од туберкулоза во 1933 година засекогаш се враќа во Романија. Почина на 16. април 1935 година во Букурешт. Неговите книги се преведени на 30 јазици.