Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Кичику, Копи

.

kycyku kopiКопи Кичику, роден 1943 година во Поградец (Албанија), со својот голем ангажман како научник по историја и преведувач се прочу во Албанија, но и надвор од нејзините граници. Долги години предаваше како професор по историја на Италија и на Балканот на универзитетите во Тирана и Букурешт и беше визитинг професор на различни универзитети во Европа, Азија и Африка. Освен тоа беше политички активен во парламентот, локалната самоуправа и Министерството за надворешни работи. Тој е присутен во јавноста и како новинар и автор на монографии, збирки поезија, куси раскази, полемики и книжевни критики. Од 1967 година Копи Кичику е член на Здружението на писателите и уметниците на Албанија. Кон неговите преводи од романски, турски, италијански, француски, руски, англиски, бугарски и македонски јазик се вбројуваат повеќе од 45 дела. За неговиот академски ангажман е добитник како на национални, така и на повеќе меѓународни одликувања. Копи Кичику е коосновач и директор на европското културно списание Haemus што од 1998 година излегува во Букурешт.

Вебстраница