Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Димоски, Славе Ѓорѓо

.

dimoski slaveСлаве Ѓорѓо Димоски, роден 1959 година во Велестово кај Охрид, е поет, есеист и преведувач, а студирал на Филолошкиот факултет на универзитетот во Скопје и се вбројува во еден од најзначајните македонски писатели. Тој е директор на фестивалот Поетска ноќ во Велестово, што самиот го основа, а овен тоа е член на претседателството на фестивалската комисија на Струшките вечери на поезијата. Кон неговите повеќекратно наградени публикации се вбројуваат бројни збирки песни, повеќе книги за деца и збирки есеи, како и преводи од словенски јазици. Неговите песни се преведени на повеќе од дваесет јазици, и се застапени во антологии како во Македонија, така и ширум светот.