Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Тончиќ Бојан

.

toncic bojanБојан Тончиќ е роден 1967 година во српскиот Лесковац. Откако долги години работеше како новинар за весникот „Данас“, тој денес е коментатор во Е-новине и постојан автор на прилози за „Дискринација.ба“ (Сараево), „Лупига“ (Загреб) и „Хелсиншка повеља“ (Белград). Меѓутоа, неговите текстови се објавени, меѓу другото, и во „Јединствена БиХ“ и „Радио Сараево“, во „Експрес“ и „Коха диторе“ од Приштина, како и во бројни понатамошни медиуми на областа на поранешна Југославија. Тончиќ, кој поради неговата новинарска работа веќе бил апсен и затворан, е овенчан со наградата Душан Боговац за новинарска етика и храброст што ја доделува Независното здружение на новинарите на Србија, а освен тоа има добиено и повеќе награди за квалитетот на неговото новинарско дело.