Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

ЛИХТУНГЕН 146/XXXVII. г./ 2016, фокус: Нова книжевност од Црна Гора

.

Z15 lichtungen „ЛИХТУНГЕН“ ‒ списание за книжевност, уметност и критика на времето, излегува од 1979 год. во Грац и - фокусирајќи се на различни меѓународни земји и градови во последните години – прерасна во познато списание за книжевност во Австрија, Германија и Југоисточна Европа. Нуди интересна и наизменична мешавина од млада неафирмирана книжевност, меѓународни реномирани автори, млада визуелна уметност и амбициозна есеистика.

Списанието ЛИХТУНГЕН 146/XXXVII. г./ 2016, фокус: Neue Literatur aus Montenegro[Нова книжевност од Црна Гора] (извадок), приредила Јелена Кнежевиќ, излезе во ЛИХТУНГЕН – здружение за книжевност & уметност, Грац.