Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Којадиновиќ, Миодраг

.

kojadinovic miodragМиодраг Којадиновиќ е српско-канадски писател и преведувач. Неговата прва публикација беше една социо-лингвистичка статија за надимаци и микротопоними во 80-тите години на минатиот век, а последната е неговата збирка раскази Erotiques Supremes, во која во јуни 2016 година беше одликуван со наградата Леми. Во 26 земји се објавени негови текстови – песни, проза, научни статии, колумни и коментари како книжевни и уметнички критики, на англиски, српски, француски, руски, кинески, португалски, холандски, хебрејски, унгарски, словенечки и фризиски јазик. Откако во 1980-тите и 1990-тите години работеше за различни амбасади во Југославија, Миодраг Којадиновиќ истражуваше во Европа и Северна Америка во областа на родовите студии. Од 2005 година предава на три универзитети и две виши школи во јужна Кина (вклучувајќи го и Макао).