Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Станеску, Богдан-Александру

.

stanescu bogdan alexandruБогдан-Александру Станеску, роден 1979 година, е книжевен критичар и писател. Студирал и докторирал во областа на романската книжевност и е асистент на универзитетот во Букурешт. Тој го основа меѓународниот книжевен фестивал ФИЛБ во Букурешт и единаесет години по ред ја координира едицијата „Biblioteca Polirom“. Од пред повеќе од 16 години редовно пишува рецензии, кои моментално излегуваат еднаш неделно во реномираното романско книжевно списание Обсерватор културал. Кон неговите публикации се вбројуваат две збирки есеи и две збирки поезија, прилози во збирки на куса проза, како и преводи од Тенеси Вилијамс, Џејмс Џојс, Сандра Њуман и Алберто Мангуел. Во 2015 година Богдан-Александру Станеску ја доби Наградата за најдобар млад писател на годината.