Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Ѓузел, Богомил

.

gjuzel bogomilБогомил Ѓузел, роден 1939 година во Чачак (Србија), е поет, прозаист, есеист, драматург и преведувач. По завршувањето на студиите по англиски јазик 1963 година во Скопје помина една академска година во Единбург. Од 1966 до 1971 година и од 1985 до 1998 година работеше како драматург во Драмски театар Скопје. Поголемиот дел од неговиот опус го сочинуваат бројни збирки поезија, за кои беше повеќекратно наградуван. Неговите песни се преведени на повеќе од дваесет јазици и се застапени во антологии на македонска и југословенска поезија. Кон неговите преводи, меѓу другото, се вбројуваат песни од Т.С. Елиот, како и дела од В. Шекспир и С. Бекет.