Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Чегец, Бранко

.

cegec brankoБранко Чегец, роден 1957 година во Краљев Врх, Врбовец, студирал југословенски јазици и книжевност и компаративна книжевност во Загреб. Кон неговите публикации се вбројуваат повеќе од 15 дела од облааста на поезијата, книжевната критика и есеистика, за кои има добиено низа награди. Неговите песни беа објавени во повеќе од триесет антологии во земјата и странство. За неговата збирка поезија Pun mjesec u Istanbul, која настана за време на неговиот престој во рамките на резиденцијалната програма во Истанбул поддржана од ТРАДУКИ, беше овенчан со наградата КИКЛОП. Во 2013 година ја доби реномираната награда за поезија Горанов вијенац за неговиот целокупен придонес за хрватската лирика.