Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Кчејка, Герхарт

.

csejka gerhardtГерхарт Кчејка е роден 1945 година во Забрани (Романија), студира германистика и романистика во Темишвар и потоа работи како уредник на германско јазичното списание Ноје Литратур, кое излегуваше во Букурешт. Од 1986 година живее во Германија, каде што се профилира како преведувач на романска книжевност. Освен тоа во него созреа планот да направи транскултурно продолжение на списанието што го остави во Букурешт. Шансите за тоа, како преку ноќ да се подобрија во источноевропската година на пресвртот, во 1989-тата, и навистина: Од 1992 до 1999 година Ноје Литератур постоеше како „Zeitschrift für Querverbindungen“, Букурешт, со редакција во Германија c/o Герхарт Кчејка, Офенбах. Во  2008 година Герхарт Кчејка ја доби преведувачката награда на културната фондација Северна Рајна Вестфалија за Die Wissenden од Мирче Картарешку (Зцолнај, Виена 2007), во 2009 следуваше наградата на градот Минстер за европска поезија, која му беше доделена заедно со Каиус Добрешку, авторот на збирката поезија Ode an die freie Unternehmung.