Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Vitez švedskog stola

Величковиќ, Ненад.

492 velickovic vitezВо тринаесетте куси раскази од оваа збирка Ненад Величковиќ силно биографски – или подобро речено автоиронично – со многу сатиричен хумор раскажува за животот на еден писател на Балканот во модерно време, кој само се влече од авторска резиденција до авторска резиденција и од фестивал до фестивал по Европа, пишува по порачка и материјално зависи од европските културни фондови. А притоа, нагласува босанскиот културен журнал Лице улице, не се воздржува од критика на еден одреден тип писател, на кого богатата шведска маса му значи повеќе од моралот –, а тој, според Величковиќ, го интересира само доколку е ефтин.  

Збирката раскази Vitez švedskog stola од Ненад Величковиќ излезе на македонски јазик (извадок) во превод на Ѕвездан Георгиевски под наслов Витез на шведската маса во издание на Темплум, Скопје.