Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Величковиќ, Ненад

.

velickovic nenadНенад Величковиќ е роден 1962 година во Сараево, Босна и Херцеговина. Таму живее и денес и работи како доцент по книжевност на тамошниот универзитет, писател и публицист. Кон неговите публикации се вбројуваат повеќе романи и збирки раскази. Освен тоа тој зел учество како иницијатор, уредник и соработник во бројни списанија. Некои од неговите романи излегоа во превод на германски, италијански, унгарски, македонски, бугарски, полски, словачки и словенечки јазик. Ненад Величковиќ е уредник на списанието Школегијум (Сараево) и Текстура (Белград), иницијатор и уредник на едицијата Лектира народу и колумнист за Дојче Веле. Како косопственик на книжевната работилница Омнибус има издадено повеќе од 20 книги.