Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Иванчиќ, Виктор

.

ivancic viktorВиктор Иванчиќ е роден 1960 година во Сараево, Босна и Херцеговина. Денес живее и работи во Сплит, Хрватска. Иванчиќ, публицист и писател, се смета за еден од најважните хрватски интелектуалци. Тој е еден од коосновачите на сатиричниот неделник Ферал Трибуне. Неговиот новинарски ангажман во 90-тите години го доведе во конфликт со владата на Туџман, што резултира во јавни закани за убиство. За тоа што не дозволи да го заплашат, од друга страна беше повеќекратно награден. Денес Иванчиќ, меѓу другото, пишува колумни за неделникот Новости. Има објавено повеќе книги и е член на Друштвото на писателите на Хрватска.