Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Ерну, Василе

.

ernu vasileВасиле Ерну е роден 1971 година во СССР. Студира филозофија на универзитетот во Јаш, а магистрира во областа на филозофијата на универзитетот во Клуј. Тој бил уредник и коосновач на списанието Philosophy&Stuff и уредник на списанието Идеа арта+социетате. Денес работи како член на кооординативниот тим за CriticAtac.ro., која и ја кооснова. Во 2006 година Василе Ерну дебитира со романот Născut în URSS (Полиром), кој беше преведен на многу јазици и за кого доби бројни номинации и наградата за дебитантски роман на списанието Романиа литерара, како и наградата за дебитантски роман на Здружението на писателите на Романија.