Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Марковиќ, Томислав

.

markovic tomislavТомислав Марковиќ, роден 1976 година, живее и работи во Белград. Пишува пезија, проза, есеи, сатири и публицистички текстови. Од 2008 до 2016 година беше заменик главен уредник на порталот за известување e-novine. Како кооснавач и член на редакцијата на БЕТОН (www.elektrobeton.net) издаде повеќе книги, а во 2007 година заедно со неговите колеги ја доби наградата Душан Боговац, што ја доделува Друштвото на независните новинари на Србија за професионална храброст и новинарска етика. Моментално Томислав Марковиќ објавува колумни на порталот antena M (www.antenam.net). Како резиденцијален стипендист гостуваше во Сараево, Ријека, Приштина, Сплит и Пазин. Од неговите публикации – освен текстови за песни за пиесата Ubiti Zorana Đinđića и белградскиот алтернативен бенд Ah, Ahilej – може да се издвојат книгата Vreme smrti i razonode (2009) и неговата збирка поезија Čovek zeva posle rata (2014). Преводи на неговите текстови излегоа на албански, словенечки, германски, англиски и унгарски јазик. Од 2016 година Томислав Марковиќ е автор во издавачката куќа Партизанска книга.