Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Перишиќ Роберт

.

perisic robertРоберт Перишиќ, роден 1969 година во Сплит (Хрватска), студирал хрватски јазик на универзитетот во Загреб и работел како издавач на списанија, новинар и книжевен критичар. Тој се вбројува во еден од најважните и највлијателните современи автори во Хрватска и поранешна Југославија. Во 1995 година ја објави збирката поезија Dvorac Amerika. Неговата прва збирка поезија Možeš pljunuti onoga tko bude pitao za nas излезе 1999 година. Неговиот роман Naš čovjek na terenu (2007) беше одликуван со книжевната награда на весникот Jutarnji list за најдобро прозно дело на годината и со книжевната награда на Штајерската штедилница и беше преведен на бројни јазици. Позитивни критики доби и за неговата книга Područje bez signala, која излезе во 2015 година, и беше номинирана за реномиранта награда Меша Селимовиќ и за наградата на Порталот Т за најдобар роман во Хрватска.