Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Матиќ, Еди

.

matic ediЕди Матиќ, роден 1962 година во Сплит (Хрватска), работи како независен аудио и видео продуцент и графички дизајнер, но и како коосновач на здружението за поддршка на културата „Курс“ во Сплит. Меѓу другото, тој беше иницијаторот и продуцент на мјузиклот Sarajevski krug, кој беше изведен во Хрватска, Босна и Херцеговина, Австрија, Германија, Шкотска, Англија и САД. Неговите изложби фотографии, меѓу останатото, беа прикажани во галеријата Арт Поинт (КултурКонтакт Австрија) во Виена, во рамките на „photo_graz 010“ и во фотогалеријата на собранието во Грац. Неговиот роман Ovdje fali ženska ruka во 2007 година се најде меѓу седумте финалисти на ВБЦ – книжевната награда во категоријата „необјавени романи“, во 2008 година во категоријата „деби роман“ беше номиниран за наградата Киклоп и во 2009 година влезе во тесниот избор на наградата Т-портал. Во 2009 година Еди Матиќ беше гостин во Меѓународната куќа на автори и авторки во Грац. За ова време работеше на својот роман Grimalda, кој во 2012 година беше објавен на германски јазик во издавачката куќа Лојкам и беше одликуван со Книжевната награда на штајерската Шпаркасе.