Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Хoрват, Сречко

.

horvat sreckoСречко Хорват, роден 1983 година во Осиек (Хрватска), е еден од водечките филозофи и интелектуалци на младата генерација во Хрватска. Првите седум години од животот ги мина во егзил во Германија. Во 1990 година се враќа во Хрватска. Неговото живеалиште е Загреб, а најголемиот дел од времето е на патувања и објавува патеписи за Мали, Сенегал, Египет, Израел, Либија, Кина итн. Покрај писателската дејност Хорват работи и како преведувач и колумнист. Тој е коосновач и директор на годинешниот „Subversive Forum“, една од најважните манифестации за критичка теорија во Југоисточна Европа, кого меѓу другите редовно го посетуваат Славој Жижек, Антонио Негри, Дејвид Харви, Шантал Муф и Саскиа Сасен.