Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Burić, Ahmed

.

buric ahmedАхмед Буриќ, роден 1967 год. во Сараево, студирал на факултетот за политички науки, насока новинарство. Тој е поет, преведувач, издавач, сценарист и новинар. Неговите дела се преведени на англиски, француски, чешки и словенечки јазик. Самиот преведува од словенечки на босански јазик. Покрај бројните преводи за весници, списанија и манифестации ги има објавено: „Oprosti poezijo“ од Есад Бабачиќ (Обзор, Меѓугорје, 1999) и „Čefuri napolje“ од Горан Војвиќ (ВБЦ Сараево, 2009). Кон неговите најпознати дела како автор се вбројуваат Bog tranzicije (2004), Posljednje suze krvi i nafte (2010) и Maternji jezik (2013).