Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Хуска, Блерта

.

hyska blertaБлерта Хуска, родена 1980 година, студирала политички науки на универзитетот во Тирана. На универзитетот Париз 8 во Сент Дени завршува магистерски студии од областа на политичка теорија. Денес работи како истражувачка на Албанската школа за Јавна администрација и како слободна преведувачка и толкувачка. Блерта Хуска преведува од француски на албански јазик и обратно. Кон нејзините преводи се вбројуваат дела од: Патрик Лапер, Вероник Овалд, Грегори Делакур, Теди Папаврами и Беса Муфтиу.