Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Махкота Тина

.

mahkota tinaТина Махкота, родена 1964 година во Љубљана, е слободна книжевна преведувачка. Студирала компаративна книжевност и англиски јазик. За неподелено да може да се посвети на преведувањето книги и драми, таа во 2003 година го напушта полното место како доцент на универзитетот во Љубљана. Нејзинта библиографија опфаќа речиси 300 наслови. Кон нејзините преводи се вбројуваат романи, есеи, песни, книги за деца и млади, бројни класични и современи автори од англиското и германското говорно подрачје, како и 60 пиеси, кои се изведуваат по словенечките театри. Тина Махкота во 2010 година беше наградена за преводот на драмата Closer (Патрик Марбер), а во 2013 година за преводот на Dubliners (Џејмс Џојс). За нејзиниот превод Bog Child од Сиобхан Доуд беше примена во почесната листа за 2016 година на Меѓународниот портал на книги за млади автори (IBBY)