Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Paradigmen zu einer Metaphorologie

Блуменберг, Ханс.

476 blumenberg paradigmenМетафорите имаат историја во радикална смисла како поими, бидејќи историската промена на една метафора ја изнесува на виделина самата метакинетика на историските хоризонти на давање смисла и на аспектите, во чии рамки поимите ја доживеале својата модификација. Преку ваквиот однос на импликација односот на метафорологијата спрема историјата на поимот се утврдува како однос на услужливост: метафорологијата се труди да допре до супструктурата на мислењето, до дното, до растворот на систематските кристализации, ама сака и да направи сфатливо со која „храброст“ духот предничи со атмосферата што ја создаваат сликите и како со храброста за давање претпоставки се развива неговата историја.

Paradigmen zu einer Metaphorologie [Парадигми кон една метафорологија] од Ханс Блуменберг излезе на бугарски јазик (извадок) во превод на Нина Николова под наслов Парадигми към една метафорология во издание на KX - Critique & Humanism, Софија.