Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Николова, Нина

.

nikolova ninaНина Николова, родена 1964 година во Бјала Слатина (Бугарија), е асистентка на универзитетот Пасиј Хилендарски во Пловдив, каде што предава социологија. Од 1996 до 2004 година беше коиздавачка на списанието Критика и Хуманизъм (Списание за критичка теорија и нови хуманистички студии). Од 1992 година е научна соработничка на Институтот за критички социјални истражувања во Софија. Во нејзините работни полиња спаѓаат: социологија на јавноста, социологија на социјалистичкото општество, социологија на телото. Нина Николова има преведено повеќе социолошки и филозофски дела, меѓу кои и дела од Никлас Луман, Улрих Бек, Зигмунд Фројд и Ханс Блуменберг.