Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Блуменберг, Ханс

.

blumenberg hansХанс Блуменберг, роден 1920 година во Либек, студирал филозофија, германистика и класична филологија во Падаборн, Франкфурт на Мајна, Хамбург и Кил. Во 1947 година докторира на универзитетот во Кил, каде што во 1950 година и хабилитира. Ханс Блуменберг беше професор на универзитетите во Хамбург, Гисен, Бохум, а најпосле и во Минстер, каде што се пензионира во 1985 година. Тој беше член на Академијата на науките и на онаа за книжевност во Мајнц, на Сенатот на Друштвото за истражување на Германија и коосновач на истражувачката група „Политика и херменевтика“ лансирана во 1963 година. Ханс Блуменберг почина 1996 година во Алтенберге крај Минстер.