Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Башевски, Димитар

.

bashevski dimitarДимитар Башевски, писател, преведувач и издавач, е роден 1943 година во македонското Ѓавато крај Битола. Долги години работел како новинар, меѓу останатото и како коресподент од странство во Атина, а подоцна и како издавач. Во моментов е главен уредник во издавачката куќа Слово. Од 2000 до 2006 година беше претседател, па почесен претседател на македонскиот ПЕН центар. Неговите книги се преведени на повеќе јазици. За неговите бројни романи е добитник на најзначајните книжевни награди на Македонија, како наградата „Роман на годината“ во 2001 година за романот Бунар. Башевски преведува од англиски и српски јазик. За неговата работа како преведувач од српски јазик во 2015 година беше награден од српскиот ПЕН центар.