Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Прањковиќ Карас, Ана

.

pranjkovic karas anaАна Прањковиќ Карас, родена 1982 година во Загреб, студирала германистика, хиспанистика и лузитанистика на Филозофскиот Факултет на универзитетот во Загреб. Од 2005 година учествува во изработката на еден нов голем хрватско-германски речник. Таа е член на Здружението на преведувачите на Хрватска и водела книжевни преведувачки работилници на Гете Институтот и на Австрискиот Културен форум. Во 2011 година ја добива Шрите стипендијата на ЛЦБ Берлин и учествува на летната Академија за преведувачи од германско-јазична книжевност. Од  2013 до 2015 година работи на Проектот за поддршка на превод и книжевност ТрансСтар Европа. Меѓу нејзините преводи се вбројуваат дела од Томас Бернхард, Еугенио Козериу, Пабло Касакуберта и Ханс Магнус Енценсбергер. Во 2012 година ја доби преведувачката премија на Сојузната служба на канцеларот на Австрија за преводот на Die Kälte. Eine Isolation од Томас Бернхард. Од 2015 година живее во Луксембург, каде што работи како преведувачка во Генералната дирекција за превод.