Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Imperium

Крахт, Кристијан.

467 kracht imperijaТој сакаше да го спаси светот, да основа нова религија, да создаде ново царство – да реализира една утопија, која нема да го избави само него, туку и човештвото, далеку од уништувачката европска цивилизација, која се распаѓа токму во модерната и во катастрофите на Првата и Втората Светска војна. Ама сепак во осаменоста на Јужeн Пацифик, во една колонија на вилхелминска Германија еден поклоник на сонцето опседнат од вегетаријански сплин запаѓа во спиралата на лудилото, која многу оминозно ги антиципира амбисите на ХХ век.

Романот Imperium од Кристијан Крахт излезе на македонски јазик (извадок) во превод на Елизабета Линднер под наслов Империја во издание на Блесок, Скопје и на словенечки јазик (извадок) во превод на Славо Шерц под наслов Imperij во издание на Луд Шерпа, Љубљана.