Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Restaurant Dalmatia

Мариниќ, Јагода.

468 marinic restoranМиа стаса на целта на своите желби: Конечно ѝ успеа пробивот како фотографка во Канада. Меѓутоа со првото големо одликување, кое веднаш ја пренесува во срцето на културната сцена, не настапува и големата среќа, туку една блокада. Рафаел, нејзината голема љубов ја убедува да појдат на патување во Берлин – градот, во кој израснала. Како млада девојка пред сè беше среќна на едно место: во ресторанот Зора на тетка ѝ Зора во Вединг. Миа се враќа таму, и ова враќање ќе биде патување во вчера, во Западен Берлин во времето на пресвртот и во Хрватска, во земјата на нејзините родители.

Restaurant Dalmatia [Ресторан Далмација] од Јагода Мариниќ излезе на хрватски јазик (извадок) во превод на Романа Перечинец под наслов Restoran Dalmacija во издание на Hena com, Загреб.