Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Мариниќ, Јагода

.

marinic jagodaЈагода Мариниќ, родена 1977 година во Вајблинген, е писателка и колумнистка. Нејзиното деби Eigentlich ein Heiratsantrag (2001) наиде на голем успех кај критиката и публиката. За збирката раскази Russische Bücher (2005) ja доби наградата Гримелсхаузен, а нејзиниот роман Die Namenlose списанието Шпигел го прогласи за едно од најважните нови изданија за 2007 година. По нејзините престои во Загреб, Сплит, Њу Јорк и Берлин Јагода Мариниќ моментално живее во Хајделберг, каде што ја води програмата за култура на првиот Меѓународен центар за прием во Германија. Во 2013 година излезе нејзиниот роман Restaurant Dalmatia.