Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Перечинец, Романа

.

perecinec romanaРомана Перечинец, родена 1973 година, студирала германистика и историја на уметност, како и холандски јазик на Филозофскиот факултет во Загреб. Таa предава германски јазик во основно училиште и преведува белетристика, поезија и публицистика од германски и холандски јазик. Романа Перечинец има добиено стипендии за престој во Амстердам, Антверпен, Берлин, Лојк и Лојкербад, водела работилнци за превод на Гете Институтот и била туторка на семинарот за преведување во организација на Институтот за транслациони науки Грац на хрватскиот остров Премуда. Меѓу нејзините преводи од германски јазик се вбројуваат дела од Мартин Валзер, Зоран Дрвенкар, Свен Рeгенер, Марјана Гапоненко и Јагода Мариниќ.