Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Павиќ, Жељко

.

pavic zeljkoЖељко Павиќ, роден 1962 година во Добој, студирал филозофија, социологија и политички науки во Сараево и Мајнц. Во фокусот на неговата работа се вбројуваат: херменевтика, феноменологија, егзистенцијална филозофија, онтологија, новосхоластика во Босна и Херцеговина и Хрватска, филозофија на религија, романтизам, германски идеализам и филозофија на јазик. Веќе долги години работи за лексикографскиот институт „Мирослав Крлежа“ во Загреб, каде што од 2007 година е заменик главен уредник на списанието Studia lexicographica. Жељко Павиќ е автор и издавач на бројни научни публикации. Кон неговите преводи од германски јазик се вбројуват дела од значајни автори како Хегел, Кант, Хајдегер и Хабермас.