Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Вовк, Урбан

.

vovk urbanУрбан Вовк, роден 1971 година во Крањ, студирал филозофија на универзитетот во Љубљана. Работи како слободен писател, уредник книжевен критичар и преведувач. За неговата прва книга, збирката есеи V teku časa во 2002 година ја доби наградата Сритар на Здружението на писателите на Словенија. Потоа следуваа уште една збирка есеи и монографијата Res neznosna resnobnost!?, којашто му ја посвети на неговиот омилен автор, на нобеловецот Ј.М. Куци. Крајот на 2015 година под наслов Garaže излезе неговата прва збирка куси раскази. Покрај неговата дејност како писател, книжевен теоретичар и уредник во ЛУД Литература, Урбан Вовк преведува книжевни дела од автори од поранешна Југославија, како и од англиското говорно подрачје.