Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Кристоф, Агота

.

kristof agotaАгота Кристоф е родена 1935 година во унгарското село Цсикванд. По задушувањето на антисоветското востание во Унгарија во 1956 година пребегува со тогашниот сопруг и четиримесечната ќерка и доаѓа во швајцарскиот Нојшател. Таму наоѓа работа во една фабрика за часовници и макотрпно го изучува францускиот, кого го нарекува „непријателски јазик“, затоа што ќе ѝ го поттисне мајчиниот јазик, за на крајот сепак да стане јазикот на нејзината книжевност. Најпрвин пишува песни и куси пиеси, во 1986 година ѝ успева пробивот како писателка со романот Das große Heft, кого подоцна го проширува во трилогија. Меѓу другото, таа е добитничка на наградата Готфрид Келер и на Австриската државна награда за книжевност. Агота Кристоф почина во 2011 година во Нојшател.