Печати

Новак, Маја

.

novak majaМаја Новак, родена 1960 година во Јесенице, а пораснала во Нова Горица, студира стопанско право во Љубљана и најпрвин работи како секретарка во Јордан, пред да се удоми во Љубљана. Таму работи како писателка, преведувачка и новинарка. Првите куси раскази ги објавува во раните 90-ти години, а по нив следуваат повеќе романи (Izza kongresa, ali umor v teritorialnih vodah; CimreKafarnaumMačja kuga), книги за деца, како и една збирка куси раскази. Маја Новак е авторка на колумни во неделникот Младина и преведува книжевност од француски, италијански, српски и англиски на словенечки јазик.