Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Вуковиќ, Весна

.

vukovic vesnaВесна Вуковиќ, родена 1975 година во Дубровник, студирала германистика, кроатистика и драмски уметности на Филозофскиот факултет во Загреб, каде што во моментов ја завршува својата докторска дисертација од областа на книжевноста, изведувачката уметност, филмот и културата. Работи како кураторка и истражувачка во областа на ангажираната уметност и е членка на колективот на куратори БЛОК. 2007-2011 година предаваше на Академијата за ликовни уметности во Загреб, а од 2012-2013 година на Академијата за уметности во Сплит. Пишува за стручни списанија и е издавачка на повеќе публикации од областа на современата уметност. Од 2012 година е ко-авторка во радио-емисијата „Стварност простора, која се емитува на третата програма на Радио Хрватска (ХР3), за кого редовно преведува од 2006 година. Кон нејзините книжевни преводи се вбројуваат дела од: Петар-Паул Цал, Петар Вајс, Владо Кристл, Хајне Милер, Ролф Рамадер, Александар Клуге, Георг Бихнер и Милко Валент.