Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Кристл, Владо

.

kristl vladoВладо Кристл, роден 1923 година во Загреб, се смета за еден од најзначајните претставници на хрватската авангарда. Студирал сликарство, за време на Втората Светска војна се приклучува на партизаните, а по војната го довршува своето академско образование. Како слободен уметник најпрвин прави илустрации за весници, реклами и слики. Има објавено две збирки поезија и бил коосновач на авангардната група ЕКСАТ 51. По престоите во Западна Европа од 1954 до 1958 година живее во Чиле. Во 1959 година се враќа во Загреб, каде што ги создава своите први цртани филмови. Кога е забранет неговиот кус филм General i resni človek поради политичка сатира, ја напушта Југославија и во 1963 година се отселува во Минхен. Извесно време предава на Академијата за сликарство во Хамбург. Во периодот, во кој живее во Германија, Владо Кристл создава повеќе од триесет филмови. Тој почина 2004 година во Минхен.