Печати

Хелфер, Моника

.

helfer monikaМоника Хелфер, родена 1947 година во Ау, живее со семејството како писателка во Воралберг. Таа има објавено романи, раскази и книги за деца, меѓу кои: Kleine Fürstin (1995), Wenn der Bräutigam kommt (1998), Bestien im Frühling (1999), Mein Mörder (1999), Bevor ich schlafen kann (2010), Oskar und Lilli (2011) и Die Bar im Freien (2012). Заедно со Михаел Келмајер во 2010 година ја објави книгата Rosie und der Urgroßvater. За нејзините трудови, меѓу другото е добитничка на стипендијата „Роберт Музил“ (1996) и Австриската награда за книжевност (1997).