Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Гиндиш, Карин

.

guendisch karinКарин Гиндиш, родена 1948 година во Киснадије (Романија), пишува книги за деца, млади и возрасни. Студира германски и романски јазик во Букурешт и работи како професорка, новинарка и авторка. Во 1984 година Карин Гиндиш се преселува во Сојузна Република Германија. За нејзината книга Geschichten über Astrid истата година беше одликувана со наградата Петар Хертлинг која таа година се додели по прв пат за литература за деца. Во 1991 година за нејзините иселенички раскази Im Land der Schokolade und Bananen ја доби наградата за најдобра книга за деца што ја доделува Одделот за странци во Берлинскиот Сенат.