Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Лазареску, Мариана-Вирџинија

.

lazarescu mariana virginiaМаријана-Вирџинија Лазареску, родена 1953 година во Брашов, студирала германистика и романистика на универзитетот во Букурешт. По завршувањето на студиите прво работи како преведувачка, а потоа како асистентка на Одделот за странски јазици на вишата школа за градежништво. Во 1992 година почнува да работи како виш асистент на Факултетот за странски јазици на универзитетот во Букурешт. Во 1999 година докторира и оттогаш работи како вонредна професорка. Од 2009 година Маријана-Вирџинија Лазареску е редовна професорка на Одделот за германски јазици и книжевности. Таа е добитник на бројни стипендии и грантови за истражување, како визитинг професор предава во Берлин, Бергамо, Торино, Виена и Најс и учествува на меѓународни научни конференции и конгреси. Таа е член на голем број германски здруженија, а од 2010 година е заменик претседателка на Здружението на германисти на Средна Европа (MGV). Во 2000 година ја доби наградата за најдобар превод од Здружението на писателите на Романија.