Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Алекси, Роберт

.

alexy robertРоберт Алекси, роден 1945 година во Олденбург, студирал правни науки и филозофија во Гетинген. Неговата дисертација Theorie der juristischen Argumentation прв пат беше испечатена во 1978, а во 1982 година беше одликувана со награда на филолошко-историската класа на Академијата за науки во Гетинген. Од 1978 година Роберт Алекси работи како асистент кај Ралф Драјер на Катедрата за Општа правна теорија во Гетинген, додека во 1984 година не хабилитира по предметите Јавно право и Правна филозофија. Откако работи како замена на катедрите во Регенсбург и Кил го прифаќа изборот на универзитетот Кил во 1986 година. Роберт Алекси е редовен член на Академијата на науките во Гетинген, повеќекратен почесен доктор и носител на Сојузниот крст за заслуги на Сојузна Република Германија.